Се продава нов стан на одлична локација на ул.Пиринска бб.Зградата е во близина на маркет Супер Кит-Го поранешен Туш маркет и е на само 5 мин од Центарот на градот.
Станот е лоциран на втори спрат со површина од 74m² од кои 68m² се простор за домување и 6m² тераса.
Поседува пространа дневна со трпезарија и кујна, две спални соби и една бања.
Објектот е изграден со висококвалитетни материјали и поседува:
-термоизолирана фасада со одлична звучна изолација;
-фасадна столарија од нискоемисионо трослојно стакло и пвц профил;
-ламинат А класа;
-столарија од висок квалитет;
-преграда меѓу соби од блокови;
Цената за станот е 49500€
Има простор за договор на лице место!